24фудбал

По Лига Европа, Интер тргнува во финална офанзива за Тонали, известуваат во Италија

20 годишната ѕвезда на Бреша, голема надеж на Италија би можел ова лето да го облече дресот на Интер, се верува дека „Нероаѕурите“ се прва опција за Тонали, фудбалерот кој има важечки договор со Бреша до 2022. година.

Италија

Според информациите кои ги пренесуваат медиумите во Италија, се вели дека Интер периодов ќе оствари средби со челниците на Бреша околу потенцијалниот трансфер на талентираниот Сандро Тонали во составот од Милано.

Се верува дека Интер е во константни преговори за ангажман на фудбалерот од средниот ред, а во моментов „Нероѕурите“ максимално се посветени на завршницата од Лига Европа, каде во полуфиналето закажаа пресметка со Шахтар.

По Лига Европа, од Интер ќе се посветат на финална разрешница околу Тонали, кому наводно ќе му биде понуден договор со годишна плата од 2,5 милиони евра.

Истовремено, во Италија додаваат дека првиот човек на Бреша, Масимо Челино не отстапува од бараните 40 милиони евра, меѓутоа од Интер се надеваат дека може да си подадат рака за 35 милиони евра.