24фудбал

По Хојбјерг, Мурињо би можел да добие уште пет засилувања во Тотнем

„Спарси“ се подготвуваат за нови засилувања откако и официјално го договорија Хојбјерг, меѓутоа далеку од тоа дека составот на Жозе Мурињо ќе биде подзасилен со мега ѕвезди, како и да е, постои идеја за пополнување на одредени дупки.

Англија

Тотнем го ангажираше Пјер-Емил Хојбјерг кој дојде од редовите на Саутемптон, а за овој трансфер клубот од Лондон издвои 15 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред, сепак, Мурињо има во план да доведе уште пет нови засилувања во неговиот тим.

Клубот од Лондон лани потроши 100 милиони фунти за засилувања, но Мурињо е свесен дека тој луксуз нема да го има во пресрет на новата сезона, а клубот веќе се позајми 175 милиони фунти.

„ФудбалИнсајдер“ базирајќи се на информации од блиски извори во Тотнем тврди дека овој клуб ќе донесе уште пет засилувања во пресрет на новата сезона, а се верува дека Мурињо ќе ги засили следните позиции: десен бек, стопер, офанзивец во средниот ред, алтернативна опција во нападот, како и голман по истиот терк.

Се верува дека Мурињо посакува да се ослободи од Серж Орие, кој по Кајл Вокер-Питерс е исто така на излезна врата од клубот, Вокер-Питерс инаку потпиша за Саутемптон по трансферот вреден 12 милиони фунти, a за Орие од Тотнем очекуваат двојно повеќе.

Ерик Ламела, Хуан Фојт, Дени Роуз, како и Камерун Картер-Викерс се помеѓу фудбалерите кои веројатно е дека не се во плановите на Мурињо, додека пак, неизвесна е ситуацијата со Танги Ндомбеле, за кого постои сериозен интерес од Интер.

„Скај Италија“ веќе пренесе дека Интер веќе остварил контакти за Ндомбеле, а во Италија додаваат дека „Нероаѕурите“ веќе ги понудиле Марцело Брозовиќ, Иван Перишиќ и Милан Шкринијар како можна трампа за овие преговори.