24фудбал

Почна чистката, Матуиди и Јувентус спoгодбено го раскинаа договорот, „старата дама“ заштеди над 7 милиони евра

Јувентус попладнево соопшти дека спогодбено е раскинат договорот на Блес Матуиди, Французинот е првиот играч кој ова лето ќе замине од стадионот „Алианц“.

Италија

По елиминацијата од Лигата на шампиони, Јувентус го разреши Маурицио Сари и на негово место го именуваше Андреа Пирло за нов тренер. Беше најавена голема чистка и заминување на десетина фудбалери.

Попладнево пристигна потврда за првата разделба, стадионот „Алианц“ го напушта Блес Матуиди. Французинот имаше само уште една година од договорот, и истиот спогодбено бил раскинат.

Медиумите пишуваат дека ваквиот потег е од корист на двете страни.

Блес Матуиди ќе добие одврзаани раце да потпише за Интер Мајами, се верува дека фудбалерот од средниот ред во Париз веќе ги поминал лекарските прегледи и наскоро ќе потпише за клубот на Дејвид Бекам.

Французинот беше купен од ПСЖ во 2017 за 25 милиони евра, сумата е целосно амортизирана, играчот има вредност нула во сметководствените книги, па нема да биде прокнижена загуба, а ќе бидат заштедени над 7 милиони евра на име на плати.