24фудбал

Јувентус започна преговори со Рома за ангажман на Џеко

34 годишниот Босанец ланското лето беше желба на Интер, но, на крајот се одлучи да го продолжи договорот со Рома, постигна 19 погодоци, а дополнително запиша уште 14 асистенции во 43 меча за Римјаните ланската сезона.

Италија

„СпортИталија“ тврди дека италијанскиот првак Јувентус започнал преговори со Рома околу можноста да се ангажира искусниот босански напаѓач Един Џеко, како алтернативна опција за Аркадиуш Милик и Алваро Мората.

Новиот тренер на „Старата дама“, Андреа Пирло посакува цврст и мошне вреден напаѓач на теренот во неговиот состав, напаѓач кој е мошне умешен во казнениот простор на противниците.

Милик е долго посакувана желба на Јувентус, вклучително и во перодот под кормилото на Маурицио Сари, но Наполи не отстапуваше од бараните 50 милиони евра за полскиот интернационалец.

Од друга страна пак, поранешниот соиграч на Пирло, Мората е исто така опција, а Шпанецот не може да се пофали со добри изданија во дресот на Атлетико Мадрид, па не се исклучува можноста да се врати во Торино.

Како и да е, тв каналот „СпортИталија“ извести дека од Јувентус веќе започнале првични преговори со Рома околу можноста да се ангажира Џеко, напаѓачот кој е дел од Серија А од 2016. година, а има важечки договор со „Римската волчица“ до 2022. година.