24фудбал

Интер без Санчез во полуфиналето од Лига Европа?

Чилеанецот одигра само 26 минути во пресметката со Баер Леверкузен во рамките на четвртфиналето од Лига Европа, но и покрај малата минутажа се здоби со повреда поради што веројатно е дека ќе отсуствува против Шахтар.

Лига Европа

Алексис Санчез се здоби со повреда, а очекувањата се дека Чилеанецот ќе ја пропушти полуфиналната пресметка со Шахтар во полуфиналето од Лига Европа.

Дуелот со украинскиот клуб е на програмата во понеделник, а што се однесува за повредата на Санчез, стигна и официјална потврда од самиот клуб, од таму наведуваат дека дошло до проблеми со мускулот од десната нога.

Јасно е дека Санчез ќе биде подложен на посебен третман во клубот претстојните денови, но, малку е веројатно дека Чилеанецот ќе биде во комбинација за настап во понеделник.

Офанзивецот во игра на мечот против Баер Леверкузен завчера влезе во 64. минута, а уште од претходно беа поставени конечните 2-1 од овој меч по што „Нероаѕурите“ закажаа пресметка со Шахтар во полуфиналето од Лига Европа.