24фудбал

УЕФА ја исфрли Дрита од Лигата на шампиони, Линфилд со службени 3-0 оди понатаму

Европската куќа на фудбалот соопшти дека косовскиот шампион, Дрита со службени 3-0 го загуби мечот во претквалификациите од Лигата на шампиони, УЕФА ги примени новите правила и протоколи за коронавирус.

Лига на Шампиони

Дрита и Линфилд синоќа во Нион требаше да се борат за мество во првото коло од квалификациите, но на два часа пред почетокот на мечот пристигна соопштение дека натпреварот е откажан.

Втор фудбалер на Дрита бил позитивен на коронавирус, па здравствените власти на Швајцарија наредиле целиот тим да оди во карантин.

Според новите правила и протоколи на УЕФА, доколку некој клуб не може да истрча на терен поради коронавирус, натпреварот ќе го загуби со службени 3-0, и токму ваква казна изрече дисциплинската комисија.

Па Дрита го заврши настапот во Лигата на шампиони, а Линфилд следниот вторник ќе гостува во Полска кај Легија Варшава.