24фудбал

По сториите дека Роналдо бил понуден на Барса, од кампот на ЦР7 порачуваат: Неговата намера е да остане во Јувентус

Луѓе од придружбата на Кристијано Роналдо ги негираат сториите кои се појавија денеска и кои велеа дека Португалецот бил понуден на Барселона, ЦР7 планира да го одработи договорот со Јувентус.

Италија

Добро упатениот новинар Гиљем Балаге во разговор со БиБиСи откри дека ЦР7 бил понуден на неколку клубови, помеѓу кои и Барселона.

Неговата плата од 30 милиони по сезона е проблем за Јувентус во време на коронавирус криза, па Жорж Мендеш остварил контакти и опипал терен за нов трансфер на ЦР7.

Сепак, луѓе од придружбата на Кристијано Роналдо за АС ги демантираат ваквите стории. „Тоа е лага“ – порачуваат од кампот на напаѓачот.

Весникот додава дека намерата на Португалецот е да остане во Јувентус и да ги одработи последните две години од договорот. Тој и неговото семејство се среќни во Торино и не планираат да ја променат средината.