24фудбал

Рен ги разбуди соседите во три часот по полноќ, имаше добра причина за тоа (ВИДЕО)

Големи полемики во јавноста предизвика одлуката на француските власти да го суспендираат спортот во генерална основа, меѓу кои и фудбалот, поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, а голем добитник од таа ситуација излезе Рен.

Франција

Жителите околу арената на Рен беа разбудени уште во три часот по полноќ, а францускиот прволигаш поради една мошне добра причина одлучи во тие моменти да ја пушти на цел глас химната од Лигата на шампионите.

Од Рен потврдија дека имале „мал настан“ на нивниот домашен терен за да го прослават првото учество во групната фаза од Лигата на шампионите во нивната клупска историја, а тоа го остварија со самото тоа што Севиља го елиминираше Вулверхемптон од Лига Европа.


Музиката беше екстремно гласна, јас искрено мислам дека сигурно ги има разбудено сите во близина, звучеше погласно и од самите натпревари“ сведочи еден жител близу арената на Рен, по химната која била пуштена гласно, а сето тоа траело 20 минути на празниот стадион.

Како мало појаснување за тоа што значеше победата на Севиља против Вулверхемптон во четвртфиналето од Лига Европа, практично се пополни местото на победникот од Лига Европа во групите од Лигата на шампионите за идната сезона, со тоа што сите четири екипи (Манчестер јунајтед, Шахтар, Севиља и Интер) во полуфиналето веќе имаат обезбедено место во тоа натпреварување, тоа значи дека химната на Лигата на шампионите на „Роазон Парк“ ќе се емитува најмалку три месеци годинава.