24фудбал

Од Баерн Минхен со предупредување за Барселона: Имаме фудбалер кој знае како да го сопре Меси

Од германскиот првак сметаат дека младиот и талентиран бек има голем квалитет во себе за да го сопре еден од најдобрите фудбалери во историјата, сево ова доаѓа во пресрет на четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Утревечер Барселона и Баерн Минхен ќе ги судрат копјата за влез во полуфиналето од Лигата на шампионите, секако дека овој меч буди голем интерес кај пошироката фудбалска јавност, како и љубителите на фудбалот, па уште сега атмосферата се „загрева“.

Првиот човек на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге има целосна доверба во 19 годишниот Алфонсо Дејвис, односно убеден е во тоа дека Канаѓанецот ќе ги сопре налетите на првата ѕвезда кај Каталонците, Лионел Меси.

Доколку Меси се појави на неговата страна, Алфонсо ќе се погрижи за него, тоа ќе биде мошне комплицирано, но воедно и интересна задача за него“ вели Румениге за „Скај Германија“.

Навистина е тешко да го поминете на неговата позиција, тоа се докажа и сезонава, тешко е да го надмудрите, да поминете покрај него, да го издриблате...“ додаде тој.

Како и да е, имаме одличен тим, сметам дека треба да влеземе на овој натпревар со респект, но без страв од противникот, Барселона го има Меси десет години, тој е фудбалер кој доминираше изминатава декада, а веројатно и најдобриот фудбалер во светот, Барселона зависи од Меси, мораме да имаме под контрола неговата игра, а воедно и да го исфрлиме од колосек“ заклучи Румениге.

Што се однесува до Дејвис, нема дилеми во тоа дека овој лев бек има голем потенцијал во себе, сезонава одигра 29 меча на кои постигна три погодоци, но истовремено и четири асистенции, во Минхен пристигна од редовите на Ванкувер ланскиот јануари за само 10 милиони евра.