24фудбал

Криво ли му е сега на Вернер, фудбалерот кој го остави Лајпциг пред четвртфиналето од ЛШ!?

Лајциг покажа дека е многу поголем од Тимо Вернер, тимот не е зависен од еден играч иако тој беше најдобар претходно.

Лига на Шампиони

Офанзивниот германски фудбалер, Тимо Вернер одлучи да го напушти Лајпциг кога заврши Бундеслигата и да се пресели во Челси.

Тој не сакаше да издејствува да остане до крајот на сезоната, да го доврши тоа што го започна со Лајпциг, да ја доигра Лигата на шампионите.

Неговите соиграчи покажаа дека можат и без него, одиграа фантастичен меч и го победија фаворизираниот Атлетико Мадрид.

Вернер сигурно го гледал мечот, а можеби му е и криво што не остана до крај затоа што неговиот поранешен тим сега е меѓу четирите најдобри во Европа.