24фудбал

Ибрахимовиќ му продаде играч на Милан!

Милан потпиша со 17-годишниот Емил Робак за сума од 1,5 милиони евра, тој доаѓа од Хамарби, клубот во кој ко-сопственик е Златан Ибрахимовиќ.

Италија

Хамарби на Златан Ибрахимовиќ му продаде играч на Милан за 1,5 милиони евра.

Станува збор за Емил Робак за кој интерес имаше од неколку големи клубови меѓу кои и Арсенал.

Голема е веројатноста дека Златан Ибрахимовиќ бил клучниот фактор поради кој Робак го одбрал Милан, а ги одбил останатите.

Робак има пет настапи за шведската репрезентација до 17 години. Тој во Милан ќе оди најпрво во младинскиот тим.