24фудбал

Баерн ја понижи Барса во Лисабон, ОСУМ гола во мрежата на Тер Штеген! (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја понижи Барселона во Лигата на шампиони, избраниците на Ханси Флик славеа со убедливи 2-8 и се пласираа во полуфиналето.

Лига на Шампиони

Барселона оваа сезона играше под очекувањата, јасно беше дека требаат големи промени, а ако некој не мислеше така, сигурно ќе се предомисли по вечерашниот дуел со Баерн Минхен.

Шампионот на Германија ги понижи „каталонците“, им даде по четири гола во двете полувремиња и славеше со убедливи 2-8.

Резултатот беше отворен во 4. минута, Милер донесе водство од 0-1. Барса брзо се врати во игра, Алаба ја затресе сопствената мрежа за 1-1 во 7. минута.

Но потоа следеа три гола за десетина минути игра. Перишиќ, Гнабри и Милер по втор пат, донесоа 1-4 по половина час игра, резултат со кој се замина на пауза.]

Луис Суарез во 57. минута намали на 2-4 и ја врати малку надежта, но Баерн не се опушти и го дотолчи противникот.

Кимих реализираше за 2-5, а во 82. минута од мечот и Левандовски се запиша во листата на стрелци. Во финишот од мечот, Филипе Кутињо два пати го матираше Тер Штеген за конечни 2-8.