24фудбал

Сетиен не мисли на оставка по срамниот пораз: Прерано е да се каже дали ќе останам или не... треба да анализираме!

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен не мисли да се поднесе оставка по срамниот пораз од Баерн Минхен, вели дека требало да се прави анализа и клубот бил тој што ќе пресудел за неговата иднина.

Лига на Шампиони

Столчето на Кике Сетиен се тресеше и претходно откако Барселона ја загуби битката со Реал Мадрид во трката за титулата во Шпанија, и ретко кој очекува тој да остане по срамниот пораз од 2-8 против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Но стратегот нема намера да си поднесе оставка, вели дека требало да се прави анализа и клубот бил тој што ќе пресудел за неговата иднина.

„Ова е навистина болен пораз, примивме многу голови. Добар дел од коментарите на Жерард Пике се на место. Треба да извлечеме заклучоци и да донесеме одлуки. Знам дека многумина сметата дека треба да си одам, но тоа не зависи од мене. Треба да се направи добра анализа, и клубот да донесе одлука. Овој понижувачки пораз прави штета и сигурно ќе има промени, но прерано е да се каже дали ќе продолжам или не“ – вели Сетиен.