24фудбал

Се појави фотографија од соблекувалната на Барса, изразите на лицата доволно говорат (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави фотографија од соблекувалната на Барселона од паузата помеѓу полувремињата, изразите на лицата на Лео Меси и Марк Aндре тер Штеген доволно говорат.

Лига на Шампиони

„Каталонците“ беа понижени во Лисабон и доживеаја историски пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. По половина час игра им се најавуваше катастрофа, а во продолжението од мечот ги снајде тежок дебакл.

На социјалните мрежи сега се појави фотографија од соблекувалната на Барселона. Била направена на паузата помеѓу полувремињата, а изразите на лицата на Лео Меси и Марк Андре тер Штеген доволно говорат за атмосферата која владеела во тимот.