24фудбал

Милер за убедливата победа над Барса: Вака не доминиравме ни кога со 7-1 го совладавме Бразил!

Томас Милер направи споредба помеѓу триумфот на Баерн од 8-2 над Барса и славјето на Германија од 7-1 над Бразил, вели дека вечерва биле далеку посупериорни од противникот.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен ја понижи Барселона и ја совлада со 8-2 во Лигата на шампионите, победата многумина ги потсети на триумфот на Германија од 7-1 над Бразил на Светското првенство во 2014.

Томас Милер беше запрашан за компарација помеѓу двата меча, а напаѓачот рече: „Против Бразил не домиравме како што тоа беше случајот вечерва. Сега бевме далеку посупериорни од противникот“.