24фудбал

Сеирџиите на Барса извадија твит на Кутињо од пред девет години и си играат мајтап (ФОТО)

Барселона од синоќа служи за потсмев и тоа сигурно ќе трае уште неколку дена, креативноста на шеги е на високо ниво, а за потсмев послужи и еден стар твит на Кутињо.

Лига на Шампиони

Кутињо кој игра на позајмица од Барселона во Баерн Минхен во игра влезе во 75. минута, направи асистенција до Левандовски и постигна два гола. За само 15 минути потсети на неговата најдобра форма.

Сеирџиите на Барселона извадија еден твит на Кутињо од 2011 година кога Бразилецот по некој натпревар твитнал: „Здраво. Денеска имавме натпревар против јуниорскиот тим. Постигнав два гола. Сега дома гледам филм. Чао“.

Ноќеска овој твит беше ретвитан со креативни шали: „Денеска повторно го направи тоа“, „Беше девет години пред времето Фил“, „Навистина мал тим“, „Кутињо е патувач низ времето, потврдено“, „Тие беа првиот тим на Барселона, Филипе“.