24фудбал

Официјално: Кајзериспор е новиот клуб на Аврамовски

Најдобриот фудбалер на Вардар од минатата сезона, Даниел Аврамовски стави потпис на договор со Кајзериспор.

Македонија

Одличните партии на Аврамовски во дресот на Вардар му донесоа трансфер во Турција, 25-годишниот напаѓач се сели во Кајзериспор.

Турскиот тим и официјално го потврди Аврамовски како ново засилување, а според медиумите од таа земја годишната плата на Македонецот ќе биде околу 150.000 евра.

За жал Вардар ништо не заработи од овој трансфер, од македонскиот клуб сите кои сакаа си заминаа бесплатно, како слободни фудбалери.