24фудбал

Клаузула која може да стави сол на раната на Барса доколку Кутињо ја освои ЛШ

28 годишниот Бразилец одлично ја искористи шансата да докаже дека можеше многу повеќе во дресот на Барселона, од каде беше испратен на позајмица во Баерн Минхен, меѓутоа една клаузула во договорот со Ливерпул може да стави сол на раната кај Каталонците.

Лига на Шампиони

Германската машинерија Баерн Минхен мина како брз воз покрај Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако „Баварците“ синоќа ги понижија Каталонците пред очите на сиот фудбалски свет, совладувајќи ги со 8-2.

Дури и фудбалерот кој во Баерн Минхен настапува на позајмица од Барселона, Филипе Кутињо успеа да го „докрајчи“ противникот, откако Бразилецот во игра на мечот влезе во 75. минута, по што постигна два гола, а реализираше и една асистенција.

Како и да е, мизеријата во случајот со Кутињо би била уште поболна за Барселона која има една посебна клаузула со Ливерпул, од каде го купи офанзивецот, кој во случај да го подигне пехарот од Лигата на шампионите со германскиот првак, ќе испразни дел од касата на Каталонците.

Болката на Каталонците би можела да биде уште поголема во едно такво сценарио, од причина што во договорот со Ливерпул имаат клаузула која би морале да му исплатат 5 милиони евра на Премиерлигашот во случај Кутињо да го освои елитното европско клупско натпреварување, иако официјално не е познато дали клаузулата се однесува исклучително на настапи на Кутињо во дресот на Барселона, или генерално гледано додека е под договор со Каталонците.

Тоа е клаузулата која може да стави сол на раната на „Камп Ноу“ кои за Кутињо издвоија 135 милиони евра во 2018. година, а дополнително во бонуси сумата може да достигне и до дополнителни 25 милиони евра.

Кога сме веќе кај Кутињо и Барселона, тој има важечки договор со Каталонците до 2023. година.