24фудбал

Нојер за Тер Штеген: Жал ми е за него...

Нојер нема причини зошто да жали за двата примени гола во сопствената мрежа, но, не крие дека жали за тоа што го искуси неговиот сонародник Тер Штеген, за што инсистира дека резултатот од синоќа нема да има никаков импакт во националниот состав на „Панцирите“.

Лига на Шампиони

Синоќа Баерн Минхен ја понижи Барселона со високи и убедливи 8-2 со што обезбеди место во полуфиналето од Лигата на шампионите, на обете страни кај екипите имаше германски голмани, Мануел Нојер во редовите на „Баварците“, односно Марк-Андре Тер Штеген кај Каталонците.

Тер Штеген сигурно долго ќе го памети овој пораз откако дури осум пати мораше да ја вади топката од својата мрежа, неговиот сонародник од спротивниот табор, по мечот изрази жалење за својот колега од репрезентацијата на Германија.

Чувствувам жалење за Марк, знам дека сево ова не е лесно за еден голман, но, ние играме во Лигата на шампионите и ова нема никаква врска со националниот тим“ изјави чуварот на мрежата на германскиот првак за „Скај“.

Вечерва се игра дуелот помеѓу Манчестер Сити и Лион, а победникот ќе игра токму против Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде другата двојка е веќе позната, односно Лајпциг – ПСЖ.