24фудбал

Горецка: Дали боли тоа што го пониживме Меси? Не, беше прилично забавно!

Леон Горецка беше запрашан дали боли тоа што неговиот идол Лео Меси и Барселона беа понижени со победата од 8-2, Германецот вели дека било прилично забавно да се слави толку убедливо против „каталонците“ и Аргентинецот.

Лига на Шампиони

„Баварците“ синоќа немаа милост за Барселона, притискаа до самиот крај и дури осум пати ја тресеа мрежата на Тер Штеген, па клубот од Камп Ноу забележа историски пораз во Лигата на шампиони.

„Тешко е да се каже нешто веднаш по последниот свиреж, но ова беше специјален натпревар. Од самиот почетокот влеговме цврсто во дуелите и рано поведовме. Не престанавме ниту кога тие изедначија. Полни сме со самодоверба, но ова е само еден чекор од потребните три. Треба што побрзо да заборавиме на овој меч, и на следниот да почнеме од нула“ – вели Леон Горецка.

Запрашан дали боли што неговиот идол Лео Меси бил понижен, тој додава: „Не, всушност беше прилично забавно!“