24фудбал

Санчо се пофали со мајтапот на контролката против Австрија Виена (ВИДЕО)

Младиот Англичанец немаше милост против Австрија Виена која докажа на теренот дека е класи подолу од германскиот клуб кој го посрамоти својот противник на контролката во Алтах.

Германија

Борусија Дортмунд броеше до неверојатни 11 против Австрија Виена на контролката која се одигра во Алтах, а еден од погодоците беше дело на Џејдон Санчо, кој се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед, но, на крајот од Бундеслигашот посочија дека Англичанецот ќе остане и идната сезона дел од „Милионерите“.

Шанса за настап на вчерашната контролка во Австрија доби и големиот талент на Англија, 17 годишниот Џуд Белингам кој за довербата врати со погодок, откако направи трансфер од Бирмингем, иако опција му беше и Манчестер јунајтед.

Што се однесува пак до деталите од контролката, веројатно самиот резултат си говори сам по себе, а Санчо, кој притоа запиша и три асистенции, го имаше потегот на мечот, за што и самиот се пофали за мајтапот кој му го стори на противникот во оваа ситуација...