24фудбал

Лаутаро: Одамна немав одиграно толку добро, Интер е подготвен за големи работи

Лаутаро Мартинез блесна по подолго време, постигна два гола, имаше и асистенција до Лукаку во победата на Интер над Шахтар од 5-0.

Лига Европа

Интер одигра моќен натпревар против Шахтар и во голем стил се пласира во финалето од Лига Европа. Лаутаро по подолго време одигра на своето високо ниво.

„Неверојатна ноќ, како на сон. Долго време немав одиграно толку добро и ова полуфинале покажа дека Интер е подготвен за големи работи. Подготвени сме за финалето“, изјави Лаутаро Мартинез по мечот.

„Овие голови многу ми значат, имаше период во кој не бев на моето вообичаено ниво, па ова ми е од голема помош. Среќен сум со начинот на кој одигра тимот, покажавме карактер. Стануваме подобри во секој следен меч, среќен сум и на лично ниво, ќе го имам моето прво дете, па головите ги посветив на мојата сопруга и фамилијата“.

„Стануваме се посилни, покажуваме зрелост. Искусните играчи како Самир Хандановиќ, Данило Д'Амброзио и Диего Годин ни го покажуваат патот, а ние помладите го следиме“.

„Севиља е многу силен тим, ќе се обидеме да одмориме во наредните неколку дена и да се подготвиме за овој посебен меч. Се надеваме дека се ќе биде како што треба и Интер ќе го однесе трофејот дома“.