24фудбал

Отварањето на новата сезона во Франција под знак прашалник, Марсеј пријави нови три случаи на корнавирус

Воведниот натпревар од новата сезона во Лига 1 може да биде одложен, Марсеј денеска соопшти дека нови тројца фудбалери се заразени со ковид-19.

Франција

Во петок треба да стартува најсилното фудбалско првенство на Франција, на воведниот меч силите ќе ги одмерат Марсеј и Сент Етјен. Но натпреварот сега е под знак прашалник и најверојатно ќе биде одложен.

Од таборот на Марсеј денеска потврдија три нови случаи на коронавирус. Минатата недела, Жордан Амави беше првиот играч на клубот од Велодром заразен со ковид-19, а тестовите направени во сабота донеле три сомнителни случаи.

Вчера било извршено ново тестирање на играчите и персоналот, нема нови заразени, но тројцата сомнителни од саботата биле потврдени како позитивни.

Марсеј целата документација ја доставил до ЛФП, и во следните часови ќе падне конечна одлука дали ќе се игра мечот против Сент Етјен.