24фудбал

Тијаго Силва сонува со трофеј од Лигата на шампионите да стави крај на престојот во ПСЖ

Капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва последниот натпревар во дресот на францускиот клуб ќе го одигра во финалето од Лигата на шампионите, тој сонува за победа во тој меч.

Лига на Шампиони

ПСЖ синоќа го победија Лајпциг со 3-0 и за прв пат во својата историја ќе играат во финалето од Лигата на шампионите каде што ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Баерн Минхен и Лион.

Тијаго Силва по крајот на сезоната ќе замине од ПСЖ, а неговиот последен меч за нив ќе биде токму финалето.

„Не сакам да зборувам за мојата иднина бидејќи тоа нема да ни помогне, но сакам заедно да го прославиме последниот меч со титула“, вели Тијаго Силва.

„Веќе кажав и неколку пати претходно, сакам да ја завршам кариерата тука, во Европа. Одлуката е донесена, сега работите се мирни во мојата глава. Тоа ќе биде друг клуб, но моето срце ќе остане тука, во Париз“.