24фудбал

Баерн е моќен, Баварците со стил до финалето од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Баерн Минхен со убедливи 3-0 го победи Лион и во недела против ПСЖ ќе се бори за големиот пехар од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Баварците ја оправдаа улогата на фаворит и на убедлив начин ја решија полуфиналната задача, Лион немаше сили за уште едно големо изненадување.

Натпреварот можеше да има и поинаков тек, на стартот од мечот Лион имаше две фантастични шанси за гол. Најпрво во четвртата минута Депај од идеална позиција биеше крај голот на Нојер, а десетина минути подоцна Екамби ја погоди стативата.

Казната стигна брзо, во 18. минута Гнабри постигна фантастичен гол за водство на Баерн Минхен од 1-0.

Во 33. минута веќе беше 2-0, Гнабри најдобро се снајде во една мешаница пред голот на Лион  и постигна уште еден погодок на мечот со кој му донесе сигурно водство на својот тим.

По неколку шанси имаа и двете екипи во вториот дел, а конечните 3-0 ги постави Левандовски во 88. минута од натпреварот.

Лион може да биде задоволен од сезоната во Лигата на шампионите откако ги елиминираше Јувентус и Манчестер Сити, но следната сезона нема да настапува во Европа поради лошата позиција во француското првенство.

Баерн Минхен по 11. пат ќе игра во големото финале, во недела против ПСЖ ќе се обиде да дојде до нов трофеј од Лигата на шампионите.