24фудбал

По поразот од Баерн, од таборот на Лион најавија распродажба на ѕвездите

По елиминацијата во Лигата на шампиони, спортскиот директор на Лион, Жунињо потврди дека одредени фудбалери ќе бидат продадене, во прв план се младите ѕвезди Муса Дембеле и Усем Ауар.

Франција

Лион беше едно од пријатните изненадувања по ре-стартот на Лигата на шампиони, „лавовите“ го преживеаја гостувањето кај Јувентус и реваншот во осминафиналето, за потоа да го шокираат Манчестер Сити во четвртфиналето.

Клубот од Франција сепак не можеше ништо да стори против разиграниот Баерн Минхен и се збогуваше од најелитното европско натпреварување.

По елиминацијата, спортскиот директор Жунињо најави дека одредени фудбалери ќе бидат продадени, во прв план се младите ѕвезди Муса Дембеле и Усем Ауар.

„Одредени фудбалери ќе заминат, тоа е сигурно, но не сум загрижен. Кога имате играчи кои одиграа одлично во Лигата на шампиони, како Муса Дембеле и Усем Ауар...“ – вели Жунињо.

Муса Дембеле подолго време е следен од гигантите од Премиерлигата и се поврзува со Челси и Манчестер јунајтед. Усем Ауар пак е желба на Јувентус, Манчестер Сити и Барселона.

Жунињо не го спомна Мемфис Депај, но има гласини и за него. Се говори дека Холанѓанецот може да заврши во Борусија Дортмунд доколку „милионерите“ го продадат Џејдон Санчо на Манчестер јунајтед.