24фудбал

Трофејот на Баерн е нов удар за Барселона, Ливерпул трие раце

Се верува дека во договорот меѓу Ливерпул и Барселона за продажба на Кутињо има клаузула според која англискиот тим ќе добие бонус од 5 милиони евра ако Бразилецот ја освои Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен ја освои Лигата на шампионите откако со 1-0 го совлада ПСЖ. Трофејот на Баварците можеби е уште еден удар за Барселона.

Како да не беа малку тие осум гола кои ги примија од Баерн Минхен, па Барселона доживува уште штета, овој пат и без да игра.

Се пишува дека во договорот меѓу Ливерпул и Барселона има клаузула за бонус според која Црвените треба да добијат пет милиони евра ако Кутињо ја освои Лигата на шампионите додека е играч на Каталонците.

Тој тоа го направи со Баерн Минхен, но таму е на позајмица, а играч е на Барселона. Па доколку во клаузулата не е прецизирано дека тоа треба да го направи во дресот на каталонците, тогаш Барса ќе треба да плати пет милиони евра.

Некои пак пишуваат дека ваква клаузула воопшто не постои во договорот.

Слична клаузула има и во договорот меѓу ПСЖ и Интер за Икарди. Италијанскиот клуб ќе добиеше два милиони евра од ПСЖ доколку тие победеа вечерва.