24фудбал

Нејмар дотолку беше вознемирен што на погрешен клуб му ја честиташе титулата во ЛШ (ФОТО)

ПСЖ синоќа го загуби финалето во Лигата на шампионите од Баерн Минхен, а Нејмар долго време по поразот беше облеан во солзи.

Лига на Шампиони

Бразилецот по мечот се обиде да му честита за победата на Баерн Минхен, но малку ја утна работата.

Тој наместо Баерн, напиша Баер, па честитката ја прими од Леверкузен.

„Поразот е дел од спортот, се обидовме со се, се боревме до крај. Ви благодарам за поддршката и за љубовта на секој од вас и честитки за Баер“, напиша Нејмар.

По ваквата порака следуваше тролање од Баер Леверкузен.


„Фала Нејмар. Не сме сигурни зошто ни честиташ, ние сме на одмор, играме ФИФА. Но фала ти“, му одговори Баерн Леверкузен.