24фудбал

Тухел: Меси е добредојден во ПСЖ, но...

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел вели дека нема тренер кој не би го посакал Лео Меси во својот тим, но тој верува дека Аргентинецот ќе остане во Барселона и таму ќе ја заврши кариерата.

Франција

Неизвесна е иднината на Меси во Барселона по катастрофалната сезона на Каталонците. Се шпекулира дека тој сака да го промени клубот.

ПСЖ заедно со Манчестер Сити и Интер се главните конкуренти за неговиот потпис. Тухел вели дека Меси е добредојден во неговиот тим.

„Тој е добредојден во ПСЖ. Кој тренер би можел да му рече не на Меси? Но мислам дека Меси ќе ја заврши кариерата во Барселона. Тој е г-дин Барселона“, вели Тухел.