24фудбал

Ренова и Шкендија одат понатаму, Шкупи испадна од квалификациите во Лига Европа (ВИДЕО)

Ренова направи изненадување откако со 1-0 славеше над Алашкрет, Шкендија со 2-0 беше подобра од Сумгајит, Шкупи со 2-1 загуби од Нефчи Баку и го заврши настапот во квалификациите од Лига Европа.

Лига Европа

Алашкрет влезе како фаворит во дуелот со Ренова, но македонскиот претставник одигра одличен меч и заслужено победи со 1-0.

Клучниот момент се случи во 58. минута кога по еден центаршут Мишковски погоди со глава за водство на Ренова од 1-0, што беше и конечен резултат.

Ерменскиот претставник само јалово напаѓаше до крајот обидувајќи се да изедначи, но немаше ниту шанси да го направи тоа.


Шкендија со два гола од пенал дојде до победа од 2-0 на гостувањето кај Сумгајит во Азербејџан. Тетовскиот тим беше и единствениот наш претставник кој беше фаворит.

Првиот пенал го реализираше Бесарт Ибраими во 56. минута, а стрелец на вториот беше Љупче Дориев на минута до крајот на мечот.


Шкупи со 2-1 беше поразен на гостувањето кај Нефчи Баку, и на овој меч клучните моменти се случуваа во второто полувреме.

Домаќините го отворија резултатот со гол на Боугрин во 67. минута, Кривошчук зголеми на 2-0 во 88., а Шкупи до крајот успеа само да постигне почесен гол преку Дарбо Дембо во третата минута од судиското продолжение.

Ждрепката за второто квалификациско коло е закажана за 31 август, а натпреварите ќе се играат на 17 септември.