24фудбал

Матиќ се повлече од српската репрезентација

Немања Матиќ реши повеќе да не игра за репрезентацијата на Србија, комплетно ќе му се посвети на клупскиот фудбал.

Останато

32-годишниот Немања Матиќ донел одлука да стави крај на репрезентативната кариера и да остави место за помладите.

„Освен што рече дека е време за помладите да играат, Матиќ не кажа ниту една друга специфична причина за откажувањето“, изјави спортскиот директор на Фудбалската федерација на Србија, Владимир Матијашевиќ.

„Ја почитуваме неговата одлука. Тој има 32 години и имаше напорна клупска сезона. Европскиот клупски фудбал е напорен и свесни сме дека ќе треба да вбризгаме свежа крв во националниот тим“.