24фудбал

Лига Европа ждрепка: Ренова го доби Хајдук, Шкендија оди кај Ботошани, Силекс ја пречекува Дрита од Косово

Македонските претставници, Ренова, Шкендија и Силекс ги добија противниците за второто квалификациско коло од Лига Европа.

Лига Европа

Ренова го доби Хајдук од Сплит, Шкендија ќе игра против Ботошани од Романија, тим во кој настапуваат Македонците Стефан Ашковски и Давид Бабунски.

Силекс ќе ја пречека Дрита која во квалификациите од Лигата на шампионите испадна поради тоа што во тимот имаше повеќе позитивни случаи на коронавирус.

Квалификации за ЛЕ:

Ренова - Хајдук

Ботошани - Шкендија

Силекс - Дрита

Натпреварите се играат на 17. септември.