24фудбал

Силекс ќе игра против тимот кој поради коронавирус беше елиминиран во квалификациите од ЛШ

Силекс за противник во второто квалификациско коло од Лига Европа ја доби Дрита, тимот кој поради случаи на коронавирус службено беше елиминиран од квалификациите во Лигата на шампионите.

Лига Европа

Ждрепката сакаше Силекс да игра против косовска Дрита во квалификациите од Лига Европа.

Дрита е тимот кој службено загуби во квалификациите од Лигата на шампионите поради позитивни случаи на коронавирус.

Тогаш Дрита во Нион требаше да игра против Линфилд, но на два часа пред почетокот на мечот стигна соопштение дека натпреварот е откажан.

Втор фудбалер на Дрита беше позитивен на коронавирус, па швајцарските здравствени власти наредија цел тим да оди во карантин.

Правилата на УЕФА велат дека доколку некој тим поради коронавирус не може да настапи, натпреварот го губи службено со 3-0.

На тој начин Дрита го заврши учеството во квалификациите од Лигата на шампионите, па мечот со Силекс ќе им биде прв настап во Европа оваа сезона.