24фудбал

Милевски: Можеме да се носиме со Шпанија, оптимист сум

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски смета дека фудбалерите имаат капацитет да дојдат до добар резултат против селекцијата на Шпанија.

Останато

Во четврток со почеток од 18:45 часот Македонија до 21 година ја пречекува селекцијата на Шпанија во квалификациски меч за Европското првенство.

Селекторот Благоја Милевски вели дека неговата селекција има квалитет да се носи со најдобрите.

„Најважно ни е сите играчи да бидат здрави, а сето останато што ни е потребно за натпреварот со Шпанија ќе го договараме во од. Што се однесува до самиот меч, како што напоменав и претходно, после промената на системот на натпреварувања и кој и како ќе се квалификува на престојното првенство, не ни останува ништо друго освен на секој меч да одиме на победа и да собираме колку што е можно повеќе бодови“, вели Милевски.

“Покажаа момците дека имаат квалитет, имаат потенцијал дека можат да се спротивстават на можеби најдобрата селекција во Европа и тоа ми дава за право да бидам оптимист за овој меч. Секако дека некои делови од нашата игра треба да се поправат и се надевам дека тоа ќе го направиме и во текот на сите 90 минути ќе бидеме согласно со квалитетот и потенцијалите на нашите фудбалери“.

Последниот официјален меч на надежите беше токму со Шпанија на гостински терен каде загубивме со 3-0.

„На првиот меч на тактички план момците одиграа феноменално. Голот што го примивме на почетокот е чисто една мала деконцентрација и индивидуални квалитети на противникот, но сето друго беше како што планиравме. Најважно ни е сега да сме физички подготвени и да одговориме на предизвикот што ни престои“.