24фудбал

Кластер Ибица во ПСЖ: Двајца фудбалери суспектни на коронавирус, бројката може да порасне

ПСЖ денеска соопшти дека двајца фудбалери се суспектни на коронавирус, а медиумите велат дека бројката може да порасне поради близок контакт со други играчи.

Франција

„Светците“ можат да имаат сериозни проблеми за првите мечеви од првенството на Франција и дуелите со Ленс (10. септември) и Марсеј (13. септември).

ПСЖ на социјалните мрежи денеска објави дека двајца фудбалери се суспектни на коронавирус.

Според медиумите, се работи за Анхел ди Марија и Леандро Паредес, но се стравува дека заразата може да се прошири и кај други играчи.

Аргентинците со своите семејства биле на одмор на Ибица а таму имале близок контакт со други соиграчи. На Балеарските Острови се релаксираа и Андер Ереара, Мауро Икарди, Нејмар, Кејлор Навас и Маркињос па има прашалници и за нивната здравствена состојба и повеќе ќе се знае во следните денови кога ќе бидат направени тестови.