24фудбал

ПСЖ му ги руши плановите на Куман во Барселона околу Депај

26 годишниот офанзивец имаше неуспешна авантура во Манчестер јунајтед по што во 2017. година се пресели во Лион, таму дефинитивно се пронајде себе си, а интересот за неговите услуги повторно е актуелен.

Франција

Спортскиот директор на францускиот првак ПСЖ, Леонардо веќе пријавил интерес околу можен ангажман на ѕвездата на Лион, Мемфис Депај, Холанѓанецот кој прикажа доста добри партии во дресот на тој клуб.

Првичните контакти се веќе остварени помеѓу обете страни, за што потврди и „Франс Фудбал“, а Депај е мошне интересна опција за повеќе гиганти кои сигурно посакуваат да ја искористат ситуацијата со неговиот договор со Лион кој истекува идното лето.

Барселона, Борусија Дортмунд и Милан се помеѓу неколкуте останати клубови кои ја мониторираат ситуацијата со Депај, а особено е интересен фактот што новиот тренер на Барселона, Роналд Куман беше наведено дека го поставил својот сонародник високо на листата на желби за засилувања на „Камп Ноу“, но ПСЖ сега може да ги наруши тие планови на Каталонците.