24фудбал

Фановите на Штутгарт собираат пари да го купат Меси, им требаат 900 милиони евра, досега собрале само 500 евра

Фанови на Штутгарт почнаа да собираат пари за да го купат Лионел Меси, засега не им оди најдобро.

Германија

Навивачот на Штутгар, Тим Артман почна акција за собирање на пари за неговиот клуб да го ангажира Лионел Меси.

Целта е да се соберат 900 милиони евра, со 700 милиони евра да се плати неговата откупна клаузула, а другите да бидат за платата на Меси.

Засега собрале 500 евра, сума која Меси ја заработува за нешто повеќе од 5 минути, според сегашната плата која ја добива во Барселона.

„Меси е еден од најдобрите фудбалери во светот, не гледам можност тој да дојде во нашиот клуб дури и да ги собереме парите“, свесен е Артман.

Но оваа акција покрај комичната има и хуманитарна позадина, па парите кои ќе бидат соберени ќе завршат во хуманитарни цели.