24фудбал

Газдите на Манчестер Сити си купија уште еден клуб, сега имаат вкупно десет

„Сити Фудбал Груп“, компанијата која е сопственик на Манчестер Сити купи мнозински пакет на акции и во францускиот клуб Троа со што станаа сопственици на вкупно десет клубови ширум светот.

Франција

„Сити Фудбал Груп“ ги купи акциите од Даниел Масони за да го превземе клубот Троа кој во моментов настапува во француската втора лига.

Францускиот бизнисмен Максим Реј ќе остане сопственик на дел од акциите и ќе има место во клупскиот борд.

Троа минатата сезона заврши на четвртото место во Лига 2, амбициите за следната сезона ќе бидат влез во елитата.

Со купувањето на Троа тие станаа сопственици на вкупно десет клубови, други девет се: Манчестер Сити (Англија), Гирона (Шпанија), Ломел (Белгија), Мелбурн Сити (Австралија), Монтевидео Сити Торке (Уругвај), Мумбаи Сити (Индија), Њујорк Сити (САД), Сишуан (Кина) и Јокохама Маринос (Јапонија).