24фудбал

Роналдо има инфекција, неизвесен е за мечевите на Португалија

Кристијано Роналдо има инфекција на прст поради што не може да тренира во моментов, тој е неизвесен за мечевите на Португалија против Хрватска и Шведска.

Останато

Според Фудбалската федерација на Португалија, Роналдо има инфекција на прст од десната нога, поради што е на третман со антибиотици.

Нејасно е колку денови ќе му требаат за да се опорави, па неговиот настап за дуелот против Хрватска е неизвесен.

Португалија во сабота ја пречекува Хрватска, а три дена подоцна гостува кај Шведска во мечеви од новата сезона од Лигата на нации.