24фудбал

Одморот на Ибица се претвори во фијаско, уште тројца играчи на ПСЖ позитивни на коронавирус!

„Светците“ пријавија нови три случаи на коронавирус, вкупно шест, сите биле на одмор на Ибица по поразот од Баерн Минхен во финалето од Лигата на шампиони.

Франција

По крајот на авантурата во Лисабон, ПСЖ им даде неколку слободни дена на фудбалерите и голем дел од нив заминаа на Ибица. Но одморот на Белеарските острови се претвори во фиjаско откако дури шест фудбалери се заразија со ковид 19.

По Анхел ди Марија, Леандро Паредес и Нејмар, „светците“ вечерва објавија три нови случаи. Медиумите пишуваат дека се работи за Мауро Икарди, Кејлор Навас и капитенот Маркињос.

Од оние кои беа на Ибица, само Андер Ерера и Марко Верати не се позитивни на коронавирус.

ПСЖ на 10. септември треба да игра против Ленс, во моментов нема најави дека мечот ќе се одложи, но големи се шансите да се побара нов термин.