24фудбал

Очилата на Манчини виновни за тоа што Ачерби стартуваше на местото на Кјелини

Синоќа Италија и Босна и Херцеговина ремизираа играјќи со резултат 1-1 во рамките на првото коло од Лигата на нации во лига „А“, меѓутоа селекторот на домаќините направил голема грешка во пикирањето на почетниот состав.

Останато

Селекторот на најдобрата италијанска фудбалска репрезентација, Роберто Манчини ја презеде одговорноста за тоа што Џорџо Кјелини остана на клупата за резерви на синоќешниот меч, и тоа се случило поради негова голема грешка.

Местото на Кјелини сосема случајно го зазеде Франческо Ачерби во почетниот состав на „Аѕурите“, а тоа донесе големо изненадување за пошироката фудбалска јавност која брзо увиде дека капитенот е изоставен.

Тоа беше моја вина, тие ми го покажаа почетниот состав, во тие моменти не ги носев очилата на себе, само потврдив дека е во ред, воопшто не увидов дека Ачерби стартува на местото на Кјелини“ објасни Манчини кој вети дека во понеделник за пресметката со Холандија Кјелини ќе биде стартер.

Како и да е, ние првично имавме план Ачерби да го одигра едниот, а Кјелини другиот меч, го прашав Кјелини дали сака да игра на првиот, тој ми потврди, сега ќе мораме да менуваме, но, замислата беше таа“ додаде тој.