24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Пеналџии и изведувачи на слободни удари кај Премиерлигашите

На само седум дена пред стартот на новата сезона во Премиерлигата, ние ви приложуваме листа на фудбалери кои се изведувачи на прекините во своите клубови, а дополнително ви претставуваме слика и од каде доаѓа најголемата опасност при прекините.

Останато

Добредојдовте во најновата анализа од едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка за сите наши натпреварувачи на мега популарната Фантази Премиерлига, која ланската сезона броеше близу осум илјади натпреварувачи од Македонија.

Во претходната анализа пишувавме за нискобуџетни фудбалери кои ветуваат многу во новата сезона, а како што ветивме во истата, во најновата ќе одвоиме време и за фудбалерите кои имаат посебни задачи во дел од играта на своите екипи – прекините како корнери, слободни удари, односно пенали.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Претходната анализа: „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Нискобуџетни фудбалери кои ветуваатмногу во новата сезона


Во прилог, листа на пеналџии и изведувачи на прекини кај клубовите во Премиерлигата, дополнително и за корнери, како и главната опасност кон противниците при прекините:


Арсенал

Пенали: Обамејанг

Слободни удари: Вилијан, Пепе

Корнери: Вилијан, Сака, Пепе

Главната опасност во прекините: Луиз, Мустафи, Лаказет

Доаѓањето на Вилијан во составот на Арсенал ќе донесе голема опасност кон противниците на „Топчиите“, освен во играта, Бразилецот е вешт мајстор и во прекините, речиси да нема дилеми дека тој ќе има приоритет за слободните удари, а Обамејанг е незаменлив пеналџија.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Астон Вила

Пенали: Грилиш

Слободни удари: Хурихејн, Грилиш

Корнери: Хурихејн, Грилиш, МекГин

Главната опасност во прекините: Хаус, Самата, Мингс

Грилиш е „ол-раунд“ фудбалер од кого во голема мера зависи играта на Астон Вила, тоа се потврди и ланската сезона, станува збор за фудбалер кој не котира мошне високо во однос на цената (7), а воедно и фудбалер со повеќе улоги во својот тим.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Брајтон

Пенали:Мопе

Слободни удари: Мек Алистер, Грос

Корнери: Грос, Мек Алистер

Главната опасност во прекините: Данк, Вебстер, Мопе

Мопе е доста интересен избор, а новајлијата во тимот Лалана би можел во голема мера да му помогне на напаѓачот да дојде до подобар учинок од ланскиот, меѓутоа имајте ја во предвид „тврдата“ игра на Брајтон кој посебен акцент во својата игра става на одбраната.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Барнли

Пенали: Барнс /Вуд

Слободни удари:Вествуд, МекНил, Бреди

Корнери: Вествуд, МекНил, Гудмундсон

Главната опасност во прекините: Вуд, Ме, Родригез

Очигледно е дека Барнс и Вуд ќе ротираат во однос на одлуката во овој клуб кој да изведе пенал во натпреварите од новата сезона, така од овој состав немате сигурен изведувач на ударите од белата точка, иако Вуд е навистина примамлив да го имате во својот состав од нискобуџетните напаѓачи, дополнително, тој има и одличен распоред, иако првото коло го прескокнува.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Челси

Пенали: Жоржињо, Вернер?

Слободни удари: Зијеш, Пулишиќ, Маунт

Корнери: Зијеш, Пулишиќ, Маунт

Главната опасност во прекините: Тијаго Силва, Рудигер, Жиру

Доста интересна ќе биде ситуацијата во Челси во однос на финалната одлука за тоа кој ќе биде прв изведувач на пеналите, улога која досега му беше доделена на Жоржињо, меѓутоа, сепоизвесно е дека тоа ќе се промени, особено по доаѓањето на Тимо Вернер кој веќе примами голем број натпреварувачи кои го селектираа во својот тим.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Кристал Палас

Пенали: Миливојевиќ

Слободни удари: Миливојевиќ, Ван Анхолт, Езе?

Корнери: Миливојевиќ, Ван Анхолт

Главната опасност во прекините: Кејхил, Бентеке, Кујате

Миливојевиќ има скромна цена на Фантази Премиерлигата, а воедно е прв пеналџија за тимот од „Селхурст Парк“, а во однос на слободните удари имајте во предвид дека новото засилување Езе повеќе веројатно е дека ќе биде неприкосновен во слободните удари.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Евертон

Пенали: Сигурдсон

Слободни удари: Дињ, Сигурдсон

Корнери: Дињ, Сигурдсон

Главната опасност во прекините: Ришарлисон, Калверт-Луин, Мина

Сигурдсон е сигурен пеналџија во составот на Евертон, а повеќе од јасно е зошто Дињ има висока цена во однос на дефанзивците, особено опасен фудбалер кој постојано за време на натпреварите го гледаме на противничките половини, доста веш е Французинот од слободните удари.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Фулам

Пенали: Митровиќ

Слободни удари: Кебано, Митровиќ, Нокаерт

Корнери: Нокаерт, Брајан, Каваљеро

Главната опасност во прекините: Митровиќ, Ектор

Веројатно и веќе самите знаете дека Митровиќ котира мошне високо во однос на довербата кај натпреварувачите, а има и зошто, Фулам има одличен распоред на стартот, а запомнете го добро Кебано, фудбалерот херој за клубот од Лондон во грчевитата битка за враќањето во Премиерлигата.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Лидс

Пенали: Клих, Бамфорд, Родриго?

Слободни удари: Филипс, Даглас, Ернандез

Корнери: Филипс, Даглас, Ернандез

Главната опасност во прекините: Бамфорд

Очигледно е дека многу работи во Лидс ќе се променат по доаѓањето на напаѓачот Родриго, кој би можел да биде прв пеналџија во тимот предводен од Марсело Биелса, а во кого настапува и нашиот Езгјан Алиоски.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Лестер

Пенали: Варди, Мадисон

Слободни удари: Мадисон

Корнери: Мадисон, Олбрајтон

Главната опасност во прекините: Еванс, Варди, Сојунџу

Варди без никакви дилеми прв пеналџија, втора опција е Мадисон, кој воедно е незаменлив во однос на изведувањето на прекините за „Лисиците“.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Ливерпул

Пенали: Салах, Милнер

Слободни удари: Александер-Арнолд, Фабињо

Корнери: Александер-Арнолд, Робертсон, Салах

Главната опасност во прекините: Ван Дајк, Фирмино

Нема дилеми во однос на првиот изведувач на пеналите кај „Редсите“, а воедно и за слободните удари, иако често знае и Салах таму да се уфрли покрај незаменливиот Александер-Арнолд.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Манчестер Сити

Пенали: Де Брујне / Агуеро

Слободни удари: Де Брујне, Марез

Корнери: Де Брујне, Марез

Главната опасност во прекините: Жесус, Отаменди, Фернандињо

Де Брујне ја презеде главната одговорност за ударите од белата точка во составот на „Граѓаните“, Белгиецот во целост ја искористи ситуацијата од повредата на Агуеро, кој и натаму ќе остане прв изведувач на пеналите.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Манчестер јунајтед

Пенали: Фернандеш / Рашфорд, Погба, Марсијал

Слободни удари: Фернандеш, Рашфорд, Погба

Корнери: Фернандеш, Фред

Главната опасност во прекините: Мегваер, Погба

Бруно Фернандеш брзо се адаптираше во составот на „Црвените ѓаволи“, а токму Португалецот им го „украде“ местото на Рашфорд и Марсијал за ударите од белата точка, иако некои медиуми најавуваат дека во новата сезона во однос на ова прашање Фернандеш и Рашфорд ќе ротираат.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Њукасл

Пенали: Ричи

Слободни удари: Шелви, Ричи

Корнери: Шелви, Ричи

Главната опасност во прекините: Жоелингтон, Фернандез, Керол

Фернандез се разви во доста стабилен стопер во составот на Њукасл, има скромна цена и мошне поволен распоред на стартот од новата сезона, а голема улога во однос на прекините има Ричи.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Шефилд Јунајтед

Пенали: Норвуд, Шарп, МекГолдрик

Слободни удари: Норвуд, Флек

Корнери: Норвуд, Флек

Главната опасност во прекините: МекБрни, Иган

Веројатно добро знаете за опасноста која доаѓа од Иган во однос на прекините, стоперот особено се истакна во завршниот дел од ланската сезона, фудбалер со ниска цена и повеќе од солиден распоред на стартот.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Саутемптон

Пенали: Вард-Праус, Ингс

Слободни удари: Вард-Праус

Корнери: Вард-Праус

Главната опасност во прекините: Вестергард, Ингс, Лонг

Иако наведени се според редоследот, сепак, имајте во предвид дека постои едногласност од сите познавачи на фудбалот на Островот дека Ингс ќе биде прв изведувач на пеналите во составот на Саутемптон.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Тотнем

Пенали: Кејн

Слободни удари: Кејн, Сон, Ло Селсо, Али

Корнери: Сон, Ло Селсо

Главната опасност во прекините: Алдервирелд, Кејн, Санчез

Кејн нема опасност во однос на својата позиција, но и во однос на пеналите, сепак, за слободните удари останува отворено прашање, иако дури и Кејн знае да се замеша во изборот, сепак, можеби најпрецизен од прекините е токму Али.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

ВБА

Пенали: Остин, Зохоре

Слободни удари: Переира, Филипс

Корнери: Переира, Филипс

Главната опасност во прекините: Ајави, Робсон-Кану, Бартли

Запомнете го Переира, а воопшто да не ве зачуди фактот што Бразилецот котира високо во однос на довербата кај натпреварувачите, ланската сезона во Чемпионшип успеа да реализира дури 16 асистенции.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Вест Хем

Пенали: Ноубл, Антонио

Слободни удари: Кресвел, Боуен, Ланзини

Корнери: Снодграс, Боуен, Ланзини

Главната опасност во прекините: Антонио, Алер, Диоп

Антонио стана голема ѕвезда во завршниот дел од ланската сезона, а на еден меч дури постигна и четири погодоци, меѓутоа, лани се водеше како фудбалер од средниот ред, што носеше можност за повеќе бодови, сега се води на својата позиција – напаѓач.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Вулверхемптон

Пенали: Хименез, Невеш

Слободни удари: Невеш, Мутињо

Корнери: Мутињо, Нето

Главната опасност во прекините: Хименез, Саис, Дендонкер

Доколку од некого најмногу се очекува да постигне гол во составот на Вулверхемптон, тоа е Хименез, а доколку говориме за асистенциите, тука е Мутињо, веројатно со тоа сее јасно во однос на прекините.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe


>>> Во следната анализа ќе читате: Направете ја разликата со ѕвездите во сенка