24фудбал

Поради Кулушевски се крена врева во Шведска, се вклучи и Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ го критикуваше шведскиот селектор Јане Андерсон затоа што не го играше Дејан Кулушевски од првата минута на мечот против светскиот шампион Франција.

Останато

Франција со 1-0 победи на гостувањето кај Шведска во меч од Лигата на нации. Селекторот Андерсон реши Кулушевски да го стави на клупата и во игра да го пушти на 20 минути пред крајот.

Ваквата негова одлука предизвика лавина реакции, а се побуни и самиот Кулушевски.

Кулушевски беше запрашан дали му било дадено доволно време за да покаже што знае, тој одговори: „Не, не, не мислам дека имав доволно време. Бев шокиран. Се чувствував многу, многу добро на тренингот. Но за жал тоа е фудбалот, не добив шанса од стартот“.

Овој коментар наиде на осуда од селекторот Андерсон.

„Не сум зборувал со него по мечот, но ако рекол така, тогаш јасно е дека тоа е неговото мислење. Ќе треба да зборуваме за тоа“, изјави Андерсон.

Златан Ибрахимовиќ беше најостар во критиките кон селекторот Андерсон.

„Каква шега. Уште еден доказ дека некоментентни луѓе на погрешни позиции го гушат шведскиот фудбал“, изјави Ибрахимовиќ.