24фудбал

Робен по 18 години повторно даде гол за Гронинген (ВИДЕО)

Аријен Робен во 2019 стави крај на својата кариера, но една година подоцна се предомисли и ја продолжи кариерата, потпиша за својот поранешен клуб Гронинген, а веќе почна и да дава голови.

Останато

Робен се врати од пензија, потпиша за Гронинген, клубот од каде што и ја почна серниорската кариера и повторно почна да постигнува погодоци.

Денеска тој го даде единствениот гол за Гронинген на пријателскиот натпревар против Арминија Билефилд кој заврши нерешено 1-1.

Ова за него беше прв гол за Гронинген по 18 години, последен пат стрелец за овој тим претходно беше на 28. април 2002 година.