24фудбал

Фати испиша историја и урна рекорд стар 95 години во победата на Шпанија од 4-0 (ВИДЕО)

Шпанија со 4-0 ја совлада Украина, Ансу Фати испиша историја и стана најмладиот стрелец во дресот на „црвената фурија“, фудбалерот на Барселона урна рекорд стар 95 години.

Останато

Серхио Рамос вечерва постигна два гола против Украина, но дефанзивецот остана во сенка на Ансу Фати. Фудбалерот на Барселона во 32. минута со прецизен удар од работ на шеснаесетникот погоди за 3-0 и испиша историја.

Со 17 години и 311 дена, тој е најмладиот стрелец во историјата на „црвената фурија“. Ансу Фати собори рекорд стар 95 години, претходно најмлад стрелец беше Хуан Еразкин, кој во 1925 година постигнал гол со 18 години.

Претходно, Рамос од пенал рано донесе водсто од 1-0, за играчот на Реал Мадрид по половина час игра со глава ја затресе мрежата на гостите по втор пат. Конечните 4-0 ги постави Феран Торес во финишот.

Германија повторно испушти предност и мораше да се задоволува со бод. Гиндоган биеше прецизно по земја на прва статива за 0-1 во 14. минута, но Швајцарија преку Видмер изеначи на 1-1 во 58. минута.

Србија и Турција одиграа 0-0 во Белград, а Грција со 1-2 славеше на гостувањето кај Косово.