24фудбал

Не случајно Шкотска е голем фаворит во обложувалниците, коронавирусот ја принуди Чешка да истрача со целосно нов состав

Чешка со целосно нов состав и нов тренер ќе и се спротивстави на Шкотска во второто коло од Лигата на нации, коронавирусот направи хаос во редовите на домаќините.

Останато

Вечерва Чешка ќе ја пречека Шкотска во второто коло од Лигата на нации, домаќините пред неколку дена важеа за фаворит, но сега работите се променети и обложувалниците очекуваат гостите лесно да слават.

Причина за ова е коронавирусот. По победата на Словачка во петокот, репрезентацијата на Чешка мора во карантин откако двајца играчи и еден член на персоналот беа заразени со ковид-19. ФФШ соопшти дека натпреварот со Шкотска ќе се одложи, но УЕФА реагираше и нареди мечот да се игра.

Па Чешка повика целосно нов состав и нов тренер. Давид Холубек ќе го предводи тимот во кој само двајца играчи претходно го имаат носено националниот дрес, Станислав Тецл и Роман Хубник, кој ќе биде капитен. Останатите 22-ца се младинци и прилично анонимни.