24фудбал

Гринвуд и Фоден „шверцувале“ девојки во хотелот, Саутгејт ги избрка од репрезентацијата (ВИДЕО)

Голем скандал го потресе англискиот фудбал, поточно националниот состав на „Гордиот албион“, скандал кој го предизвикаа големите таленти на Островот, Мејсон Гринвуд и Фил Фоден, кои повеќе не се дел од составот на Англија.

Останато

Утревечер Англија гостува кај Данска во меч во рамките на Лигата на нации, меѓутоа, во составот на гостите нема да бидат фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, односно на Манчестер Сити, Фил Фоден.

Селекторот Герет Саутгејт скандалот кој го направи двоецот го нарече наивен откако Гринвуд и Фоден биле „уловени“ како носат девојки во хотелските соби, со тоа што ги прекршиле во целост правилата за карантин, а дека е така потврди и снимката која брзо се рашири низ социјалните мрежи.

Како резултат на тие случувања, Гринвуд и Фоден нема да бидат дел од националниот состав за пресметката со Данска, а Саутгејт наведе дека двоецот веќе се извинил за постапките, меѓутоа тоа секако нема да ја промени одлуката на селекторот.

Сево ова предизвика големо внимание, со право, двајцата ги прекршија правилата околу заштита од вирусот Ковид, морав да донесам ваква одлука за доброто на останатиот дел од тимот“ рече Саутгејт за „Скај Спортс“.

Ништо не се случи во местото каде што престојуваме, во хотелот, се уште добиваме информации околу овој случај за тоа што конкретно се случило, морам да истакнам дека целиот тим потроши доволно време за да ги добие сите препораки за заштита од вирусот, а целиот состав ги следеше тие правила“ додаде тој.

Не би сакал да додавам никакви детали седодека не ги добијам сите детални информации, никој однадвор од хотелот не беше во можност да влезе внатре, мораме оваа ситуација да ја третираме сериозно, очигледно е дека тие беа наивни, ја препознавам нивната годишна возраст, меѓутоа целиот свет се соочува со оваа пандемија, татко сум на деца, млади, знам дека луѓето ги разбираат работите погрешно, ќе морам да разговарам насамо со овие две момчиња подоцна, тие преземаа одговорност и веќе се извинија“ заклучи Саутгејт.

Англија славеше минимално на гостувањето кај Исланд пред два дена, а со потегот, Гринвуд и Фоден ги прекршија рестрикциите во таа земја за заштита од коронавирусот откако поканиле девојки во нивната хотелска соба, а за овој потег пристигнуваат реакции од сите страни на Островот.

Девојките за кои се верува дека биле во хотелската соба заедно со Гринвуд и Фоден:


На социјалните мрежи дури излезе и разговорот со една од девојките, во кој двоецот репрезентативци го договара сето тоа: