24фудбал

Италија славеше во Амстердам, шоу на Халанд во Белфаст со два прекрасни гола и асистенција (ВИДЕО)

Италија триумфираша на гостувањето кај Холандија со минимални 0-1, Норвешка славеше со убедливи 1-5 против Северна Ирска, Ерлинг Халанд имаше свое шоу со два прекрасни гола и аситенција.

Останато

Домаќините потфрлија денеска во второто коло од Лигата на Нации, само Израел успеа да се избори за бод, на сите останати мечеви славеа гостите.

Во дербито на вечерта, Италија триумфираше со 0-1  на гостувањето кај Холандија. Барела во првата минута од судиското надополнување на првиот дел погоди со глава за водство на „аѕурите“, резултат кој остана на семафорот и до крајот.

Највозбудливо беше во Белфаст каде Норвешка со 1-5 ја совлада Северна Ирска. Ерлинг Халанд имаше свое шоу со два прекрасни гола и асистенција. Два пати во листата на стрелци се запиша и Сорлот, а еднаш Елјунуси. За домаќините стрелец беше Мекнир.

Резултати Лига на Нации:

Лига А

БиХ – Полска 1:2

Холандија – Италија 0:1

Лига Б

Австрија – Романија 2:3

Чешка – Шкотска 1:2

Израел – Словачка 1:1

Северна Ирска – Норвешка 1:5

Лига Ц

Казахстан – Белорусија 1:2

Албанија – Литванија 0:1