24фудбал

Роналдо во голем стил од слободен удар го постигна голот број 100 за Португалија (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо со прекрасен гол од слободен удар донесе водство за Португалија на гостувањето кај Шведска, ова беше негов јубилеен 100. гол за националниот тим.

Останато

Роналдо вечерва го постигна 100. гол за репрезентацијата на Португалија, тоа беше прекрасен погодок од слободен удар.

Тој стана само вториот фудбалер во историјата на фудбалот со постигнати 100 или повеќе голови за националниот тим, пред него е само Али Даеи од Иран со 109 голови. Се чини дека нема да помине долго додека Роналдо избие на првото место.