24фудбал

Роналдо со два прекрасни гола ја потопи Шведска, во меч со шест погодоци Франција ја победи Хрватска (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо ги постигна 100. и 101. гол за селекцијата на Португалија и донесе победа од 2-0 на гостувањето кај Шведска, Франција со 4-2 ја совлада Хрватска, Англија одигра меч без голови кај Данска.

Останато

Кристијано Роналдо беше ѕвезда на вечерта на денешното издание од Лигата на нации, тој најпрво го постигна јубилејниот 100. гол за националниот тим, а после со уште еден прекрасен удар ги постави конечните 2-0 на гостувањето кај Шведска.

Интересно беше на мечот меѓу Франција и Хрватска кој го добија домаќините со 4-2. Ловрен донесе водство за Хрватите, Гризман изедначи на 1-1, а Ливаковиќ си постигна автогол за пресврт и предност на Франција од 2-1.

Брекало во второто полувреме го изедначи резултатот, но следуваа уште два гола на Французите, еден на Упамекано, а другиот на Жиру од пенал за конечни 4-2.

Англија одигра 0-0 на гостувањето кај Данска, а Белгија со 5-1 го совлада Исланд. Батшуаи дваде два гола, по еден Витсел, Мертенс и Доку.

Во Лига Ц, покрај мечевите од нашата група во кои ние одигравме 1-1 на гостувањето кај Грузија, а Ерменија со 2-0 ја победи Естонија. Азербејџан со 1-0 победи кај Кипар, а со истиот резултат Црна Гора многу среќно со пенал во 90. минута победи кај Луксембург кој доминираше во мечот.